Saturday, December 13, 2008

Bо солидарност со борбата на анархистичките другари/ки во Грција


......
..
....На 13.12.2008г пред Грчкaта Амбасада во Скопје се одржа протест во знак на солидарност со борбата на анархистичките другари/ки како и на секој прогресивен ум во Грција,а воедно и против методите на угнетување на грчката држава.Истовремено, овој протест е, и против нашата Влада, која ги користи истите реформи, а целта е угушување и угнетување на македонската работничка класа.Во текот на протестот на амбасадорот на Грција му беше доставено следново протесно писмо:

До владата на Република Грција

Го изразуваме нашето неодобрување на методите со кои ја решавате актуелната ситуација и притоа одбирате да ги игнорирате страдањата, потребите и барањата на најпрогресивниот дел од вашето општество.

Незадоволството очигледно е предизвикано од вашите постојаните обиди да се приватизира образованието, обидите да се воведат рестрикции на работничките права и постојаните зголемувања на цените на основните продукти што доведе многу луѓе на работ на егзистенцијата. Сето ова проследено со маргинализацијата и дискриминацијата на најбеспомошните општествени групи како што се емигрантите, етничките, сексуалните и другите малцинства доведе до она што сега вие го нарекувате дивеење на хулигани по улиците.

Вие, како и владата на Република Македонија, со перфидни манипулации и евтини маркетиншки трикови што се скапо платени со пари од трудот на луѓето, го пренасочувате нашето внимание од вистинските проблеми и ги труете нашите односи со национализам, етноцентризам и омраза.

Многумина ги плаши можноста од ескалација на насилствата. Стравот е оправдан, но одговорен за тоа е државниот апарат, зашто тој ги има најсилните средства и најобучените луѓе кои го користат насилството како метод за спроведување на вашата политика. Впрочем, единствената жртва што падна до сега, падна од рацете на полицијата, која сега се обидува да се справи со луѓе кои се голораки и релативно необучени да употребуваат насилни методи. Дека државниот апарат не ја прифаќа одговорноста за моменталната ситуација, покажува тоа што ја влошува со обидите за ширење дезинформации и инволвирање поединци и групи, како што се неонацистите. Неизмерна перверзија е претставување на припадници на радикалната десница како „загрижени граѓани што си го штитат својот имот“.

Протестираме против сите односи во кои човекот е понижено, угнетено, напуштено, презрено битие. Одговорност на секој човек е да застане на страната на прогресот, да се солидаризира и колку што може да ги поддржи сите прогресивни движења. Оваа одговорност е наднационална и безгранична. тоа значи дека прогресивниот човек во Македонија има одговорност за состојбата на човечките нешта во Грција и обратно. Солидарноста е клучниот метод на дејствување во таа насока. Затоа, ние изразуваме силна поддршка и застануваме зад барањата на оние кои
денес го бранат човечкото право на достоинство и слобода.



Истиов текст им беше поделен и на случајните минувачи...
...како и прочитан пред медиумите
СЕКОГАШ ВО СОЛИДАРНОСТ...

Линкови
Balkan decentralized network
Infoshop News
indy.gr
athens indymedia
a-infos
Levicamk
vuna.info
Femgerila
Неколку приоди кон разбирањето на декемвриската народна побуна во Грција
 

UTOPIA Copyright © 2009 WoodMag is Designed by Ipietoon for Free Blogger Template