Thursday, December 24, 2009

Проекција на филмот „ Living utopia “


Дата:
понеделник, 28 декември 2009
Време:
19:00 - 21:00
Локација:
ЦК
Опис
Документарец за анархизмот во Шпанија за време на граѓанската војна, помеѓу 1936-1939


(Организирано од Анархистички Фронт)
Continue Reading...

Заборавив да ви кажам за еден натпис – се вика...зошто Геј бракот “e” крајот на Светот (или, во најмала мера, за квир светот)

Заборавив да напоменам дека организирав дрска/безобразна тркалезна маса за квир изданието на октомвриското издание на Максимум Рокенрол (Maximum Rocknroll) – издание кое сега е тргнато од продажба, но тука е тркалезната маса за ваше разгледувачко задоволство...

Овие денови, фудбалерките лезбејки и геј воените разузнавачки експерти се насекаде по медиумите, без разлика дали проповедаат во колумни, спријателувајќи се со либералната интелигенција, или зборувајќи нежно на затворените дискусии на кабловските вести. Ние. Сме. Исти. Како. Вас.

Да претпоставиме дека геј луѓето направија голем напредок, и тоа е причината зошто единствените прашања за кои слушаме вклучуваат: брак, гејеви во војската, геј полицајци, посвојување на деца, ракоположување во свештенството, законот за недискриминација (hate crimes legislation), без да се поставуваат прашања за гентрификацијата/сиромаштијата и консумеризмот - ве молам, нека некој/а ме прекине пред да се угушам во сопствената повраќаница! Во често на Максимум роекрол квир изданието, време е да се собере една банда на квир белјаџии и белјаџивки за да се распарчи оваа асимилирачка агенда на парчиња, океј?

Еве ја листата на ликови:

Хилари Голдберг (Hilary Goldberg) е филмаџивка од Сан Франциско, моментално во завршните стадиуми на recLAmation,одлучувачки филм за барањето да се врати Лос Анџелес од Лос анџелес, и, ах, со нетрпение го очекуваме! Јасмина Наир (Yasmin Nair) е активистка од Чикаго која прави превкусна галама за војната против самцитe/ките, тиранијата на религијата, лажните миграциски реформи, и девојачките забави со подеднакво страст и финеса. Џина Кардучи (Gina Carducci) се расфрла со Switch, единствениот “родовоквир/женски/транс садо мазо журка”месечник од Њу Јорк – нејзин фетиш е исто така и филмот, и во моментов работи на “Сета таа згрижувачка празнина“ (All That Sheltering Emptiness), шокантен краток експериментален филм креиран во соработка со вашиот/ата домаќинка на овај ексклузивен натпис.

Океј, да почнеме...

MBS: Не знам за вас, но дали ги имате забележено тие свежо ископани од рудниците, со крв прелиени Јужно Африкански дијаманти кои се новите модни додатоци за геј елитата, или тие исто така подеднакво одат со колку многу гејзбиен (gaysbian = gay + lesbian) ЛГБТ агендата постана ништо повеќе од брак брак брак – ох, и можеби уште малку брак со тој брак, благодарам! Многу од нас израснаа искусувајќи ја прекрасната прегратка на бракот или последиците од него, па ние, и најголем дел од квир луѓето, сигурно знаат многу за тоа каков е бракот, и секогаш бил главно место за претепување, силување и злоставување на жените, децата, квировите и транс луѓето. И, уште подобро – насилниците/чките да пројдат неказнети! Кои се другите проблеми со бракот, и посебно со агендата на геј бракот?

HG: Бев на протест против кастрењето на ХИВ буџетот во Калифорнија, ама таму имаше само уште 4 други луѓе затоа што остатокот од гејзбејки го одработија својот еднаш годишно дозволен препорачан протест за геј бракот пред неколку месеци. И која е поентата со бракот ако сите се или болни или мртви, како тогаш можеш да се регистрираш – се сеќавате на здравствената заштита? Нешто универзално базирано, а не обликуванo по привилегии?

YN: Да, не разбирам зошто заедницата на луѓе кои историски биле заебани од нивните семејства и државата сега се состои од луѓе кои ги сакаат тие исти институции како потврда за нивното постоење. Мислам дека бракот е геј Прозак, дрогата по избор на гејзбејките денес: Ги прави да заборават дека бракот нема да им даде здравствена заштита на сите, нема да ни даде плата да преживееме, нема да стави крај на сите заебани војни кои убиваат луѓе насекаде. Би сакала да кажам дека геј бракот е како Вијагра, но за жал, не прави да заборавиме на сексот, па таа метафора нема да функционира.

MBS: Кога зборуваме за сексот и метафорите, да се префрлиме на гејевите во армијата. Време е да заборавиме на давањето отпор на сите крвави американски колонијални војни, ние само сакаме да ги навреме/облечиме тие “ебозовни ”воени униформи за да можеме да одиме во странство за да убиваме луѓе без да бидеме казнети за тоа, така? U-S-A! Можеме ли да го кажеме тоа повторно? U-S-A! Во ред, толку очигледно е дека вистинскиот одговор е да се стави крај на американската армија, а не оклопни воени возила во боја на виножито. Уште нешто да додадете?

HG: Да не заборавиме на Геј Бомбата – која многу наликуваше на есид (LSD) тестовите кои ЦИА ги изведуваше во 50тите и 60тите, ако таа технологија падне во вешти раце би можеле да отвориме некои сериозни врати за перципирање на крајот на воениот индустриски комплекс со помош на добрата старомодна љубов.

GC: Ах, ама воениот рок е најдобриот начин да се скршат стереотипите за хомосексуалците/ките и хомофобијата! Колку повеќе убиваме, убиваме, убиваме, толку повеќе почит добиваме од нашата татковина – ние и служиме на нашата татковина исто така! Ние сме скапоцениот придонес! Покажете им дека вие знаете како да се биде маж!

YN: Време е да ги повикаме “геј патриотите/ките” како оние кои го овозможуваат американскиот империјализам. Дали некој/а друг/а забележал/а дека јавните фаци на Don’t Ask Don’t Tell ( Не Прашувај, Не Кажувај) имаат тенденција да бидат релативно привилегирани и од офицерска класа? И дека приказните течат како следната: “Ох, не, тој беше со диплома од Харвард и зборуваше 4 јазици на кои ги колонизираше другите земји, и ние него го отпуштивме!” Една од најсмешните фотографии која некогаш сум ја видела беше таа од собирањето/митингот во центарот на Чикаго. Геј воен ветеран стоеше и гордо и на бомбастичен начин потенцираше за потребата да биде признат од страна на американската армија. Одма позади него, неговите пријатели/ки држеа транспарент со анти-воен слоган со зборовите:”САД надвор од Ирак” (“US Out of Iraq.”). Се прашував: Дали сега тоа се однесува само на не-геј војниците? Дали геј војниците ќе останат таму и ќе растураат задници и разнесуваат екстремитети на темно-кожите?

MBS: Што се однесува до темно-кожите, да се префрлиме на прашањето околу посвојувањата – ако Мадона, Бред Пит и Анџелина, и било кои други џетсетери и џетсетерки можат да трчкаат по светот во потрага по најслатките деца во земјите кои се најпогодени/уништени од транснационалното корпорациско насилство, и пота да ги крадат тие деца и да ги држат во своите прегратки, како можат тогаш геј луѓето да се натпреваруваат со нив? На сите ни се потребни деца, така? Децата се следното големо нешто! Што мислите за прашањето околу геј посвојувањето, и одгледувањето на децата воопшто, како централна преокупација на така нареченото “движење”?

HG: Зошто Мадона и Анџелина, со својата геј мудрост, наместо тоа, не посвојат некои возрасни квир артисти и активисти? За дел од тоа што го трошат за една рака одземени транснационални деца, тие би можеле да посвојат многу квир артисти, сите заедно, и згрижат квир глобален фонд за движењето. Нема потреба од дадилки и ние би ги сакале дури повеќе од нивните деца, и би биле исто толку зависни, ако не и повеќе. Просечните геј двојки би можеле да го направат истото, да ги насочат своите пари кон нешто поскапоцено и покорисно од една скапа чанта – мислам на дете на геј родители/ки. Размислувам за веб сајт кој ќе ги поврзи квир активистите со геј паровите кои имаат големи срца и би сакале да ја поделат својата љубов и помош.

GC: Да, нема потреба од кукли, нема потреба да не шетаат наоколу во колички, и не мора да чекате 9 месеци. Ние сме тука, Мамо!!!

YN: Доколку сте од бела раса, прекрасни малечки плави дечиња ќе ви одговараат најмногу, затоа што тогаш ќе изгледате како нормална и природна фамилија. Но посвојувањето е скоро невозможно! Малечките црни бебиња се најдобрите геј модни додатоци. Иако, како и секој друг геј моден додаток, трендот за изгледот на бебето се менува. Мислам дека бебињата од Монголија се последниот хит. Некогаш беа популарни бебињата од Централна и Јужна Америка, можеби NAFTA (North American Free Trade Agreement = Северно Америчка зона за слободна трговија) отвори зона за слободна трговија на слатки Латино бебиња! Се додека не се открие дека најголемиот дел од тие бебиња најверојатно се киднапирани. Непријатно. Можеби тие досадни правила не важат за Монголија. Се разбира, ако можете да посвоите ХИВ позитивно бебе од Африка чија мајка е сеуште жива и ги живее последните измачувачки моменти кои ги носи болеста, па да му покажете на светот од што го спасивте бебето, уште подобро за вас. Зошто во главно лезбејките раѓаат деца со татковци геј мажи, додека геј мажите во главно посвојуваат?

MBS: Затоа што геј мажите се зафатени со учење да станат свештеници. Знам дека и ти учеше многу напорно! Се разбира, едно од централните барања на раното геј ослободително движење беше ставање крај на организираната религија и нејзините слоеви на насилство, но тоа веќе не е така. Што мислите за постанувањето на ЛГБТ луѓето моќници во рамките на организираната религија?

HG: Ме прави да ронам крвави солзи. Единственото покајување за кое геј луѓето би требало да мислат е убава БДМС сцена. Последниот пат кога имав контакт со организираната религија тоа беше драг квин калуѓерка, средена од горе до доле , ме викна да одам со неа во линијата на родово деградирачкиот комерцијален “прајд”, колонизиран од така наречените добротвроци/ки. И таа и остатокот на организирана религија може да оди по ѓаволите!

MBS: Ах – и да не го заборавиме светиот грал на геј движењето, законот за недискриминација (hate crimes legislation)! Бидејќи ако ги упуцаш тие проклети хомофоби два пати, така навистина ќе ја научат лекцијата – електричната столица ќе му стави крај на хомофобијата! Сериозно, Законот за недискриминација (hate crimes legislation) не прави ништо освен трупање на пари, енергија и ресурси во рацете на непоправливиот расистички, елитистички, женомрзечки, хомофобен и трнасфобен криминал, таканаречен систем на “правда”. Но потоа тие не залажуваат дека Законот за недискриминација ќе не чува. Од што не чува Законот за недискриминација?

HG: Не чува од долготрајно решение базирано на исцелување. Навистина ни штеди вереме, за да можеме да се фокусираме на правење пари наместо да се фокусираме на корените на омразата. Ние можеме да продолжиме да сме имотни и да се асимилираме во општеството преку избегнување на било какви вистински дискурси околу изворот на омразата, наместо тоа да го овековечиме, потпирајќи го тој столб на заедницата, кој ќе ги наплаќа злосторствата поради омраза – ох-колку-е-надежно....дури и за економскитe превирања.. Бизнисот на приватни затвори.

YN: Законот за недискриминација не штити од смешните заблуди дека правниот систем би требало всушност да функционира правилно за сите, не само за геј луѓето и дефинираните “малцинства”. Покрај тоа, мила, правниот систем кој ја обезбедува правдата се чини, па, толку како од 70тите и слатко ретрограден. Законот за недескриминација не штити од свет во кој луѓето би можеле да покажат дека ги надминале своите грешки, исфрлајќи ги засекогаш. И не прави да веруваме дека со ставање на луѓето во насилничките затвори во кои најверојатно ќе бидат силувани и тепани секој ден е начин да.... се стави крај на анти-геј насилството?

MBS: Кога зборуваме за анти-геј насилството, да позборуваме за националните институции кои ја водат оваа прекрасна инклузивна агенда. Да започнеме со секому омилениот трговец со дијаманти: HRC (Human Rights Campaign = Кампања за човекови права). Исто така позната како соработка со десно ориентираните партии (Helping Right-Wingers Cope), или хомогена владејачка класа (Homogenous Ruling Class) – за што друго се тие добри?

GC: Жетва на праведни белци/ки (коказијанци/ки).Ангажирање рајот полицајци.

YN: Прес конференции. HRC (Human Rights Campaign = Кампања за човекови права) можат да излезат со прес конференција за ситница. И баш ги бива да си припишуваат заслуги за секое “геј прашање”, преку споменатите прес конференции, без разлика дали имале или немале врска со определена акција. Па, супер, коктел забави и лобирање. HRC (Human Rights Campaign = Кампања за човекови права) се навистина добри за одење по коктел забави и да се “тинтраат” со богатите и важните.
MBS: Се разбира, HRC исто така сака да ги држи транс луѓето надвор од така нареченото законодавство за индискриминација при вработување, и да прави било која гнасна корпорација да изгледа добро, се додека им се допаѓаат прес извештаите на HRC. Потоа исто така тука е и NGLTF (Национална Геј Лезбејска борбена единица = National Gay Lesbian Task Force). Тие се посебно талентирани во регрутирање на добронамерни колеџ студенти, претворајќи ги во непрофитни канцелариски трутови (мрзливци/ки) – Создавање на промена (Creating Change), нивното годишно собрание, е прекрасна платформа за лансирање во непрофитабилната (невладината) индустрија, додека работно место во NGLTF ти дава профитабилно базирано работно место во иднина – зарем NGLTF е добра за нешто друго?

YN: За стварање на илузија дека кралската битка помеѓу Демократите и Републиканците всушност значи нешто. И за овековечување на идејата дека не постојат други алтернативи. Преправајќи се дека неколку дена на конференција исполнета со зборови како “организирање” и “општествена” и “прогресивна” дека всушност ќе направи многу промени. Преправајќи се дека користењето на зборот “прогресивна”, повторно и повторно, ќе а) всушност ќе му даде значење на тој глуп збор, б) ќе не направат да веруваме дека нивната поддршка за геј бракот, законот за недискирминација, и укинувањето на “Не прашувај, не кажувај” (Don’t ask don’t tell) не ги прави конзервативни.

GC: NGLTF е добра за креирање на роботи кои постојано повторуваат “Дали имате малку време за транс правата? Дали имате малку време за транс правата?” и прашувајќи зошто. зошто, зошто, о зошто не можете да дојдете во нашите канцеларии за часови на волонтерско телефонирање, телефонирање, телефонирање и да повторувате она што ние сме ви го кажале дека треба да го мислите. “Зошто немате време за транс правата? Зошто? Еднаш вакви двајца роботи не малтретираа мене и група на пријатели/ки и јас само чекав мојот транс пријател да каже,”Ако навистина сакате да знаете зошто, ми треба малку време да се опоравам од обидот да се предозирам и самоубијам минатата недела .”И за роботите да прашаат, Зошто? Тоа се транс права.”

YN: Најчесто, ги бива да бидат многу збунети. И да се жалат. Многу. Мислам дека Bruno ги збуни до даска “Приговараме на овај филм. Размислувавме. Не е ништо повеќе од множество навредливи стереотипи. Иако главниот лик толку многу го претера, тој не би можел ни да биде стереотип. Но, само момент, ние живееме за да не навредуваат.Cohen не е геј. А ги исмева геј луѓето. Иако покрај тоа тој често прави шеги на сметка на хомофобите. Чекај, зар сме навредени? Или не сме? Многу е тешко да заклучиш, затоа што ние немаме никаква смисла за хумор нити логика. Дури и на геј луѓето им е смачено од нас. Дали можеме тоа да го наречеме хомофобија?”

MBS: Потоа тука е сочниот Фонд за законска заштита Ламбда (Lambda Legal Defense Fund) – се бори за нашите права, постепено со бракот...

YN: Ламбда е можеби најстрашната од сите, затоа што се состои главно од правници, адвокати кои знаат како да ја извртат секоја бесмислена, конзервативна, ретроградна идеја како геј бракот во еден вид на првокласна законска општествена кауза – и тоа го прават гушејќи не со легализација. Еднаш ја гледав Камила Тејлор (Camilla Taylor), моќна адвокатка од Ламбда во Чикаго, која помина еден саат во зборување за законските придобивки на Предлогот 8 (Prop 8). При крајот на времето, јас бев толку зашеметена од досада што бев скоро подготвена да дадам потпис (поддршка) на геј бракот само за да излезам од просторијата. Се разбира немаше ниту еден збор за тоа дали првенствено бракот треба да биде начин за здобивање со права.

MBS: Така е – се сеќавате на битката против анти – геј Предлогот 8 во Калифорнија кои тие морони за бракот го загубија, всушност чинеше повеќе од било која гласачка кампања во историјата на Калифорнија! Тие манијакални про-брак организации потрошија $40 милиони на тоа срање – можете да замислите што би можеле да имаме ако ги земеа тие $40милиони и ако со нив се бореа за плаќање на универзална здравствена заштита, или да изградат огромен квир шелтер за млади во Сан Франциско или Сакраменто, Фресно или Сан Диего? Со остатокот, би можеле да креираме колективно, за сите возрасти, 24 часовен секс клуб со бесплатна веганска храна,”нокаутирачка” музика за секого, бесплатни масажи, акупултура и здравствена грижа за секоја потреба, како и посебен простор за обучување на луѓето за сквотирање и редекорирање на соседството – тули, стенсили, спрејови, боја, разбираш? Се што сакате да кажете за брак, брак, брак, и што ни треба наместо тоа?

GC: Донирајте! Донирајте! Донирајте! Дали имате време за Предлогот 8? Дали имате време за предлогот 8? Не, ама навистина – нам ни е потребно да можеме да избереме кој да не посетува во болница, нашите сопствени фамилии и оние со кои делиме средства и кои одлучуваат за нас, дали ние официјално сме сингл или во партнерство. И родот го дефинираме ние, не претставите туку како ние ги дефинираме сопствениот идентитет. Сексуално ослободување и слобода и места да се ебеме без да бидеме затворени во полиција. Вдомување. Здравство. Социјално. Заштита на средината.

HG: Последниот пат кога проверив – нуклеусниот модел на фамилија беше ужас! Доста е веќе. Движењето за геј права треба да побара развод од бракот и да се прибери. Системот е напукнат, овие институции не изневеруваат, зошто луѓето толку запнале да ги зајакнуваат? Дај да се фокусираме на ставање крај на капитализмот, укинување на затворските институции, крај на милитаризмот, гарантирање права на имигрантите, чист воздух, здрава храна, љубов, меѓузависност, независност, автономија, не-хиерархиски структури, и најважно од се универзално повраќање на земјиштето и водата како јавна сопственост.

YN: И се разбира, укинување на затворските индустриски погони, крај на илузијата дека некој ќе има корист од повеќе казни и засилување на казните во облик на законот за злосторства од омрза (hate crime legislation), безбедност за квир младината кои се малтретирани и/или силувани од семејството и нема каде да одат, интергенерациски секс кој не е веднаш стигматизиран како педофилија, крај на оние кои ги прекршуваат законите за сексуално злоставување, кои не прават ништо за да стават крај на сексуалното злоупотребување на децата туку само додаваат бројка во затворските комплекси, крај за смртната казна, крај на идејата дека доживотна без помилување е прифатлива алтернатива, квир секс на јавни места без плаќање на казни во сауна и без малтретирања, затворања, или претепувања поради тоа, движење за правата на имигрантите кое потврдува дека се работи за криза на трудот, а не за ”фамилија” или сопружници, крај на исчезнувањето и/или депортацијата на луѓето без документи, и ах, би можела да зборувам бескрајно...

Кружи една популарна реченица наоколу за тоа како геј бракот и плимата која ќе ги подигне сите бродови. Но, ако искористиме една морнарска метафора, би било посоодветно да го наречеме Титаник, проколнат да удри во санта мраз и да не повлече сите со него.

Постирано од mattilda bernstein sycamore

извор: nobodypasses blog
Continue Reading...

Кон анархизмот?

Ерико Малатеста
Генерално е мислењето дека ние, бидејќи се нарекуваме револуционисти, очекуваме анархизмот да дојде веднаш со еден замав – како непосреден резултат на востание кое насилно ќе нападне се’ што постои и се’ ќе замени со институции што се навистина нови. И да ја кажам вистината, оваа идеја не е недостаток помеѓу некои другари/ки кои ја замислуваат револуцијата на овој начин.

Оваа предрасуда објаснува зошто многу чесни противници веруваат дека анархизмот е нешто што е невозможно, и исто така објаснува зошто некои другари/ки, чувствуваат одвратност од моменталната морална состојба на луѓето и гледаат дека анархизмот не може да се случи набрзо, растегнувани помеѓу екстремниот догматизам кој ги ослепува со реалниот живот и опортунизмот кој практично прави да заборават дека тие се анархисти и дека за анархизмот тие треба да се борат.

Се разбира дека триумфот на анархизмот не може да биде последица од чудо, тоа не може да се случи во контрадикција со законите на развојот (аксиома на еволуцијата дека ништо не се случува без доволна причина), и ништо не може да се постигне без адекватните средства.

Ако ние треба да сакаме да замениме една влада со друга, т.е. да ги наметнеме нашите желби над другите, доволно би било да ги комбинираме материјалните сили потребни за отпор против актуелните опресори и да се поставиме ние на нивното место.

Но ние не го сакаме ова, ние сакаме анархизам што е општество базирано на слободна и доброволна согласност, општество во кое никој/а не може присилно да ги наметне желбите на друг/а, и во кое секој/а ќе може да прави тоа што му/и’ одговара и сите заедно доброволно би допринесувале за општото добро на заедницата. Но поради ова, анархизмот нема дефинитивно и универзално да триумфира се додека сите луѓе не само што нема да сакаат да бидат командувани, туку и нема да сакаат да командуваат, ниту пак анархизмот ќе успее без да ја разберат предноста на солидарноста и да знаат како да организираат план на општествен живот каде што нема да има повеќе траги од насилство и наметнување. Како што свеста, одлучноста и капацитетот на луѓето континуирано се развиваат и наоѓаат средства за изразување во градуалната модификација на новата околина и во реализацијата на желбите во пропорција на нивното формирање каде стануваат доминирачки, исто е и со анархизмот, анархизмот не може да настане освен малку по малку, бавно, но сигурно, растејќи во интензитет и во екстензија.

Оттаму, темата не е дали ние ќе го постигнеме анархизмот денес, утре или за десет века, но ние ќе одиме кон анархизмот денес, утре и засекогаш.

Анархизмот е напуштање на експлоатацијата и опресијата на човек од човек, т.е. напуштањето на приватната сопственост и власта, анархизмот е уништувањето на мизеријата, суеверијата, омразата. Затоа секој удар зададен на институциите на приватната сопственост и на власта, секоја ескалација на свеста на човекот, секое нарушување на моменталните услови, секоја лага немаскирана, секој дел од човечката активност одземен од контролата на авторитетите, секое зголемување на духот на солидарноста и иницијативата, е чекор кон анархизмот.

Проблемот лежи во знаењето како да се одбере патот што навистина се приближува до реализацијата на идеалот и во не-збунувањето на вистинскиот прогрес со лицемерните реформи. Бидејќи овие лажни реформи со претекст на одржување на непосредните подобрувања, се стремат да ги одвојат масите од борбата против авторитетот и капитализмот, тие служат за парализирање на нивните акции и ги наведуваат да се надеваат дека нешто ќе се подобри преку милоста на експлоататорите и властите. Проблемот лежи во знаењето како да се користи малата моќ што ја имаме, што одиме да ја освојуваме, на најекономскиот начин, за повеќе престиж за нашата цел.

Во секој земја постои власт, која со брутална сила, ги наметнува своите закони над сите, ги сведува сите да бидат покорени на експлоатација и да ги одржуваат, без разлика дали тие сакаат или не, постоечките институции. Им забранува на малцинските групи да ги активираат своите идеји, и ги спречува општествените организации општо од менување на истите на начин како што тие си сакаат, напспроти менувањето од страна на јавното мислење. Нормалниот мировен курс на еволуцијата е уапсен од насилството, и затоа со насилство е потребно да се отвори повторно тој курс. Ете поради оваа причина ние сакаме насилна револуција денес, и ние ќе ја сакаме – се додека човекот е субјект на наметнувањето на нештата кои се спротивни од неговите природни желби. Ако го одземеме владиното насилство, тогаш нашето нема да има причина да постои.

Ние сеуште не можеме да спреичиме формирање на нова власт слична на онаа која ќе ја срушиме. Но тоа не не’ спречува, ниту пак ќе не’ спречи утре во отпорот кон секаков вид авторитет – одбивајќи, секогаш кога е тоа можно, да се потчиниме на неговие закони, и константно користејќи сила да се спротивставиме на сила.

Секое ослабување на било каков авторитет, секоја акцесија на слободата ќе биде прогрес кон анархизмот, секогаш таа треба да се освојува – никогаш не треба да се бара, секогаш треба да ни дава поголема сила во борбата, секогаш треба да не натера да мислиме дека државата е непријател со кој никогаш не треба да имаме примирје, секогаш треба да не натера да запомниме дека намалувањето на штетите произведени од власта се состои од намалувањето на нејзините атрибути и моќи, и резултирачките услови треба да се одлучат не од оние кои владееле, туку од оние кои биле владеани. Под власт ние подразбираме секоја личност или група од личности кои во државата, земјата, заедницата или асоцијацијата го има правото да прави закони и да ги наметне над оние кои не ги сакаат.

Ние сеуште не можеме да ја напуштиме приватната сопственост, ние сеуште не можеме да ги регулираме производните средства, кои се потребни за слободно работење, можеби не би можеле тоа да го правиме во следното инсурекционално движење. Но тоа не не’ спречува сега, или во иднина, континуално да се спротивставуваме на капитализмот или било која друга форма на деспотизам. И секоја победа, без разлика колку мала, добиена од страна на работниците против нивните експлоататори, секое намалување на профитот, секој дел од богатсвото земен од индивидуалните сопственици и ставен на располагање на сите, ќе биде прогрес – чекор напред кон анархизмот. Секогаш треба да се зголемуваат добивките на работниците и да се интензивира борбата, секогаш тоа треба да се прифаќа како победа против непријателот, а не како концесија за која ние би биле благодарни, секогаш треба да останеме цврсти во нашата резолуција да ги земеме со сила, што е можно поскоро, оние средства кои приватните сопственици, заштитени од власта, ги краделе од работниците.

Со губењето на правото на сила, со ставање на средствата под управа на оние кои сакаат да произведуваат, резултатот мора да биде плод на мирна еволуција.

Анархизмот не може да биде, ниту пак некогаш ќе биде само за оние неколку кои го сакаат и го сакаат само во оние нешта каде што тие може да постигнат нешто без соработка со не-анархистите. Ова не мора да значи дека идеалот на анархизмот ќе прави мал или никаков прогрес, бидејќи малку по малку неговите идеји ќе се прошират до повеќе луѓе и повеќе нешта се додека не го опфати целото човештво и сите животни манифестации.

Отфрлање на власта и сите постоечки опасни институции кои со сила ја бранат, освојувањето на целосната слобода за сите, а со тоа и средствата за регулирање на трудот без кои слободата би била лага, додека ние се бориме да стигнеме до оваа точка, ние немаме намера да ги уништиме оние нешта за кои треба малку по малку да ги реконструираме.

На пример, во сегашното општество функционира сервисот на обезбедување храна. Ова се прави лошо, хаотично, со голем трошок на енергија и материјал и со капиталситички интереси во предвид, но покрај се’, на еден начин или на друг ние мораме да јадеме. Би било апсурно да сакаме да го растуриме системот за производство и дистрибуција на храна освен ако можеме да го замениме со нешто подобро и поправедно.

Постојат и поштеснките услуги. Имаме илјадници критики да упатиме, но во меѓувреме ние го користиме тој сервис за да ги испраќаме нашите писма, и ќе продолжиме да го користиме, без разлика на маните, се додека не бидеме способни да го поправиме или замениме.

Постојат училишта, но сепак тие лошо фунционираат. Но не дозволуваме само поради тоа да ги оставиме нашите деца неписмени – со што би одбивале да научат да читаат и пишуваат.

Во меѓувреме ние чекаме и се бориме за време каде ние ќе бидеме способни да организираме систем на модел на училиште во кој ќе има место за сите.

Од ова можеме да видиме дека за да дојдеме до Анархизмот, материјалната сила не е единствениот начин да се направи револуцијата, важно е за работниците, групирани според различните гранки на производството, да се стават себе си на позиција што ќе им овозможи соодветно функционирање на нивниот општествен живот, без помошта или потребата од капиталистите или властите.

Ние гледаме дека анархистичките идеали се далеку од контрадикторни, како што “научниците социјалисти” тврдат, за законите на еволуцијата докажани од науката, тие се концепција која перфектно се вклопува во тие закони, тие се експериментален систем донесен од полето на истражување до општествената реализација.
Continue Reading...

ШТО Е ТОА КАПИТАЛИЗАМ?

Капитализмот е исто што и демократија, спрема тоа противници на капитализмот се и противници на демократијата. Капитализмот и демократијата се всушност две различни работи. Демократијата ја подржува идеата дека луѓето треба да имаат контрола над нивната култура на живеење и дека нивната сила мора да биде распоредена а не концентрирана во рацете на малкумина. Капитализмот е сосема нешто друго.


Во САД и во Западноевропските земји сме научени да живееме во демократско општество. Вистина е дека постои влада која сама себе се нарекува демократска, второ прашање е дали општеството во кое живееме навистина е демократско. Владата е само еден дел од општеството и воопштво не е ни приближно најважна што се однесува до нашиот секојдневен живот. Економскиот систем на било кое општество има повеќе влијание на секојдневен живот него што имаат судството или парламентот затоа што стопанството одредува кој има контрола над земјата, суровините, општествените основи, што луѓето треба да работат секој ден за да егзистираат и напредуваат и какви се меѓусебните односи и гледањата на светот.


Капитализмот е всушност еден од најмалку демократските системи. Во демократското стопанство секој член на општеството има еднаква можност на одлучување што и како треба да се произведува. Меѓутоа во капиталистичко општество во кое сите извори се приватна сопственост и во кое за нив сите се натпреваруваат, поголемиот капитал завршува во рацете на на неколкумина луѓе, коорпорации. Тие луѓе т.е корпорации одлучуваат како останатите ќе работат бидејќи поголемиот дел од нив не би преживееле без да работат за нив. Некои луѓе дури и го креираат физичкиот и психичкиот изглед на општеството бидејќи го поседуваат поголемиот дел од земјата и имаат конторла над медиумите, меѓутоа ни тие не се навистина на власт затоа што ако не се доволно внимателни и не напредуваат доволно брзо ќе се случи со останатите да завршат на дното од пирамидата.
КАКО ФУНКЦИОНИРА КАПИТАЛИЗМОТ?


Слободниот пазар во теорија треба да функционира отприлика вака: луѓето имаат слободни раце при барање на нивната среќа и тие кои најмногу и најдобро работат и на општеството му даваат најважни работи наградени се со најголемо богатство. Но тоа општество има еден голем недостаток не им нуди на сите еднакви можности. Успех на слободен пазар практички зависи од тоа колку богатство веќе поседуваш.


Ако капиталот е приватна сопственост тогаш можностите на поединецот за учење, работа и приход се директно врзани за количество на богатство кое тој го поседува. Неколку финансиски симулации тоа не може да го сменат. За производство на нешто што има некаква вредност се потребни извори, и ако поединецот ги нема тие извори многу брзо ќе види дека е зависен од тие што го имаат. Тие кои веќе ги имаат изворите можат да си го зголемуваат богатството што доведува до тоа поголемиот дел од богатството да биде во рацете на малкумина. Последица на тоа е дека сите останати кои имаат малку капитал можат единствено да го продадат својот труд на капиталистите ако воопшто сакаат да опстанат.


Тоа може да звучи нејасно иако всушност е сосема едноставно.

Корпорација како на пр. NIKE која има огромно количество на дополнитени пари секогаш може многу лесно да отвори нова фабрика за обувки. Понатаму интензивно ги рекламира своите производи и затоа продава повеќе обувки и на тој начин ќе заработи поголемо количество на пари за инвестирање. Некој бедник едвај да има доволно пари да отвори некој киоск со сок и ако го отвори многу бргу би пропаднал заради поголеми и попознати фирми како ПЕПСИ која има многу повеќе пари за промоција. Така е многу веројатно дека ќе почнеш да соработуваш со нив ако сакаш да преживееш. А работејќи за нив само повеќе ја зацврствува нивната сила, навистина тие ќе ти плаќаат за твојот труд но биди во потполност сигурен дека не ти ја плаќаат полната вредност на твојот труд, на тој начин практично си ствараат профит. Ако работиш во фабрика и на ден произведеш производи во вредност од 1000 ЕУР најверојатно ќе бидеш платен само некои 30ЕУР или уште помалку на ден. Тоа значи дека некој заработува на сметка на твојот труд, и што подолго тоа го прават имаат повеќе богатство и можности, и сето тоа на твоја сметка.
КАПИТАЛ: богатство, пари, кои се употребуваат за стварање на уште поголемо богатство. На пример сопственик на фабрика која остварува профит со продажба на производи кои се резултат на трудот на работникот во неговата фабрика може да направи нови фабрики.
КАПИТАЛИЗАМ: слободна размена на производите и добрата, при што оние кои имаат капитал создаваат уште повеќе капитал на сметка на оние кои го немаат.
КАКО ТОА ДЕЛУВА НА ОБИЧНИОТ ЧОВЕК?


Најлошо од се е дека на тој начин од тебе ќе го купат твоето време и креативна енергија. Кога твојот личен труд е се што можеш да понудиш во замена за опстанокот тогаш си присилен да ги продаваш деловите на твојот живот. Најдобар дел од твојот живот ќе потрошиш за извршување на работите за кои си најдобро платен а не за оние кои најмногу сакаш да ги работиш, своите сништа ги менуваш за плата, а својата слобода за материјалните добра. Во своето слободно време можеш да го повратиш тоа што си го направил на работа и работодавецот од тоа да има профит, но никогаш не можеш да го повратиш времето кое си го потрошил на работа. Тој дел од животот е изгубен и не можеш да покажеш ништо друго освен сметките кои си ги плаќал. Тогаш веројатно почнуваш да размислуваш дека твоја креативна способност и работна сила повеке не се под твоја контрола, одеднаш не можеш да работиш ништо друго освен да одмараш, да ја обновуваш енергијата после работа, со тажна вистина дека го работиш тоа што ти наредуваат а не тоа што го сакаш. И воопштво не ти паѓа на памет да работиш нешто на твоја лична иницијатива за постигање на сопствени цели освен ако имаш “златни резерви“.


Навистина постојат малкумина кои се платени за таа работа која одсекогаш ја сакале. Но колкумина познаваш кои припаѓаат на таа категорија? Тие се ретки среќни поединци кои се истакнуваат како доказ дека системот делува и дека ако многу макотрпно работиме можеби еден ден и ние ќе бидеме така среќни како тие поединци. Но едноставно неможе да постојат толку работни места за сите да бидат рок ѕвезди или сопственици на весници, некој мора да работи и во фабриката за да се произведат тие плочи и весници. Доколку не станеш нова светска позната звезда туку само продавач на спортски обувки не си се потрудил доволно, значи сам си крив ако сега се досадуваш .


Но сеедно, зарем не беше твоја идејата дека мора да постојат 1000 продавници за спортски патики за секој професионален кошаркар? Ти останува само реалноста дека ја прифати таа ситуацијата која ти нуди такво мизерно решение. Наместо да се натпреваруваме меѓу себе како би биле на врвот на корпорациска скала, за да бидеш единствен кој на лотарија би добил награда помеѓу милион луѓе, ќе треба да измислиме нешто што на сите нас би ни овозможило во нашите животи да го работиме токму тоа што го сакаме. Дури и ако ти успее да се качиш на врвот што се случува со останатите илјадници и илјадници луѓе на кои тоа не им успеа, несреќни секретарки, пропаданти уметници, кувари, чистачки на хотели? Дали е во твој интерес да живееш меѓу несреќни луѓе на кои никогаш не им успеало да ги исполнат своите сништа?
ШТО ИМА ВРЕДНОСТ ЗА ЛУЃЕТО ВО КАПИТАЛИЗМОТ?


Во катитализмот животот почнува да се врти околу работите како среќата да се наоѓа во сопственоста наместо во слободните активности и работата.Тие кои имаат богатство, го имаат затоа што потрошиле многу енергија за да откријат како да го стекнат од други луѓе. Тие кои го имаат многу малку мораат поголемиот дел од времето да работат за да можат воопшто да преживееат. И се што имаат како доказ за макотрпна работа се неколку работи кои успеаа да ги купат затоа што нивните животи беа купени од нив. Помеѓу две општествени класи се и членовите на средната класа, кои уште од раѓање беа бомбардирани со реклами и пропаганда дека среќа, младост, смисла и се останато се наоѓа во сопственоста на материјалните добра и статусни симболи. Ги научија дека со макотрпна работа ќе го поминат животот на собирање само на тоа, наместо да ја искористат секоја можност која им се нуди за потрага на авантура и задоволство.


Значи, капитализмот ги вреднува луѓето во однос на тоа колку некој има а не во однос кој колку работи. На тој начин се случува луѓето да ги поминуваат своите животи во барање на работите за преживување и достигање на социјалните стандарди иако сигурно полесно ќе ја најдат среќата во општество кое би ги ценело слободните активности и овозможувало секој да работи тоа што го сака. За воопшто такво општество да мож’ да биде створено прво е потребно да се престане трката за богатство и сето тоа рамноправно да се распредели, бидејќи само така сите би можеле да ги бираме животите кои среќно ќе ги живееме без непрекинат страв дека ќе бидеме гладни и отфрелени од општеството.
“НО НАТПРЕВАРОТ ЈА ЗГОЛЕМУВА ПРОДУКТИВНОСТА!?“


Да, и тоа е проблем. Натпреварувачката економија на слободен пазар не само што ја поттикнува продуктивноста по секоја цена туку и наметнува тие кои во трката не се непрекинато на чело ќе назадуваат и пропаднат. И која е цената на сето тоа? Прво многу време ни поминува на работното место педесет а често и шеесет саати на недела секогаш мора да бидеме спремни на повик на предпоставениот или на клиентот да работиме мора дури и ако сме уморни, се заради трката кој ќе биде на чело. Покрај тоа тука се и ниските плати кои ги примаме, поголемиот дел од нас не е ни приближно толку платен за да може да си обезбедиме праведен дел од работите кое општеството ги нуди иако сите тие работи ги овозможил токму нашиот труд. Тоа е затоа што работникот во натпреварувачкото стопанство не е платен според извршената работа, платата му е најмалку возможно количество на пари за да работникот не почне да бара подобро платена работа. Тоа е законот на понудата и побарувачката.

Работодавецот мора да настапува затоа што мора што повеќе да оствари екстра капитал за рекламирање, проширување на корпорацијата и на сето друго што му овозможува да остане на чело. Во спротивно наскоро нема да остане работодавец затоа што неговите работници набрзо ќе работат кај “поуспешен“ сопственик.


Постои дури и збор за сите тие многубројни работни саати и неправедна плата, искористување. Но тоа не е единствена слабост на “продуктвноста“ која ја произведува натпреварувачкиот систем. Исто така и самите работодавачи се збиени в ќош на илјада начини: тоа е исто така една од причините зошто е нашето работно опкружување толку нестабилно. Економскиот систем кој ја наградува продуктивноста повеќе од нешто друго не им дава на корпорациите друг извор освен да влезат во дивина и да создаваат профит дури и ако тогаш треба да се работат и работите кои ја уништуваат околината за цена на профитот и продуктивноста. Така ги снемувало шумите, така настанала озонската дупка, така снемало стотици животински видови: се е уништено во таа “трка на стаорци“. Таму каде некогаш биле шуми сега се трговски центри и бензиски пумпи, да не го ни спомнуваме загадувањето на воздухот.


Поважно е да се има простор за продажба и купување, отколку зачувување на смиреноста и убавината на природата, наместо бизони и орли , сега имаме животни затворени на животински фарми, каде ги претвараме во машини за млеко и месо. Нашиот натпреварувачки економски систем не присилува да замениме нешто што е убаво и едноставно со нешто вредно и еднолично.


И тоа не е ограничено само на нас и нашите соседи. Капитализмот и неговите вредности се имаат раширено во целиот свет како болест. Натпреварувачките компании ако сакаат да го задржат местото во однос на останатите компании мораат непрестано да го шират својот пазар, со уверување или со сила. Токму заради тоа можете да купите Кока Кола во Египет или да јадете во Мекдонлдс во Кина.Ако погледнеме во минатото лесно ќе се увериме на кој начин капиталистичките корпорации се избориле за својот пат од држава до држава, дури и со употреба на сила доколку тоа им се чинело непоходно. Денес луѓето во скоро сите краишта на светот го продаваат својот труд на мултинационалните компании, многу често за помаку од еден долар на саат, како би можеле да трчаат по статусни симболи кои компаниите ги употребуваат на нивно сопствено малтретирање. Богатство кое го ствараат со својата работа е одтргнато од нивна заедница и е ставено в џеб на тие големи компании кои многу често ги сменуваат тие едниствени култури со стандардизирана монокултура на западно потрошувачко општество. Како доказ, луѓето во тие држави тешко можат да си дозволат да не бидат и самите мегусебно натпреварувачки и продуктивни на ист начин како и нивните корисници. Последица на тоа е дека е целиот свет стандардизиран под еден систем - капиталистички. И се е помалку веројатно дека луѓето воопшто можат да си предстват дека постои поинаков начин.


Значи каква продуктивност натпреварот вистински создава? Ја поттикнува само материјалната продуктивност, што значи добивка по секоја цена. Затоа не добиваме квалитетни производи, во интерес на производителот е да што побрзо дојдеме и купиме нов автомобил или телевизор кога после пет години ќе ни се расипат. Ниту ги добиваме производите кои се осмислени за нашите животи и кои би ни донеле среќа. Ги добиваме производите кои ни е најлесно да ги продадеме и од кои се добива најмногу профит. Имаме кредитни картички, со внимание направени филтер цигари кои содржат осум различни хемикалии кои предизвикуваат зависност. За да може една компанија да ги победи останатите ние ги трошиме нашите нерви кога работиме за развој и масовно производство и кога купуваме работи кои ни носат удобност и го подобруваат стандардот на преживувањето, значи не ни го подобруваат квалитетот на животот. Потребно ни е повеќе смисол и радост во нашите животи, многу повеќе отколку ли миксер, видео игри или чипс. Но сите сме толку зафатени што немаме време да размислуваме за тоа.
Натпреварувањето не значи да се здружиме во множество и заедно да одлучиме што е најдобро за нас и за цел свет, ниту да ги сториме тие работи како поединци. Наместо тоа човековото делување и промени кои ги произведуваме во светот се одредени со законот на натпреварот - според тоа што најдобро ќе се продаде.


Секако и во помалку натпреварувачко општество можеме да успееме да произведеме се што ни е потребно а без да бидеме присилени да произведуваме безвредни вишоци кои моментално ги преплавуваат државите. Возможно е дека тогаш можеме да се посветиме на создавање на најважната работа -човековата среќа.
“САМО НЕМОЈ ДА МИ КАЖЕШ ДЕКА ЖИВОТОТ БИ БИЛ ПОДОБАР И НИЕ ПОВЕЌЕ СЛОБОДНИ ВО СИСТЕМ КАКО ШТО ГО ИМАЛ СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ !“

Не, секако дека не. Стопанството на СССР не беше ништо подемократско од стопанството на САД. Во САД е поголемиот дел од капиталот во рацете на корпорациите кои таа сила понатаму ја користат за контрола над животите на своите работници, и до некоја мерка и над своите странки и сите останати. Во СССР поголемиот дел од капиталот беше во рацете на само една сила, всушност владата која на тој начин имаше се во сопственост. Иако всушност немаше внатрешно натпреварување кое ги води западните корпорации кон немилосрдноста, но и владата на СССР се натпреварувала со стопаснска сила и продуктивност на други држави. Тоа ја однело до истите екстреми кои се толку карактеристични за западниот свет, уништување на околината и искористување на работниците. И во двата система можеме да видиме катастрофални последици кои се слика на распределба на поголемиот дел на богатството во рацете на малкумина. Тоа што сега треба да пробаме е систем во кој сите треба да делиме богатство и глас во врска со тоа као ќе живееме и работиме.
ЗНАЧИ, КОЈ Е ТОЈ ШТО ЈА ИМА СИЛАТА ВО КАПИТАЛИЗМОТ?

Во систем во кој лугето се натпреваруваат само за богатство и сила која доаѓа со тоа, нормално дека тие кои се во таа борба немилосрдни се и тие кои имаат најмногу богатство и сила. Затоа капиталистичкиот систем поттикнува измами, искористување и безобзирно натпреварување, ги наградува тие кои играат по тие правила и така им дава најмногу сила и најважен глас за одлучување во општеството.


Корпорации кои се најуспешни во убедувањата дека ни се потрбни нивните производи (без оглед да ли навистина ни требаат или не), важат за најуспешни. Само така можеше компанија како што е Кока Кола (која всушност произведува една од најмалку потребните работи на пазарот) да го сочува своето богатство и сила - беа најуспешни во промоција на својот производ, а не заради тоа што нудат нешто вредно. Кока кола не е највкусниот пијалок кој светот некогаш го пробал - но затоа е немилосрдно најпромовирано. Тие кои се најуспешни за време на создавање на опкружување кое нас не уверува и во иднина да купуваме од нив (дури и ако тоа значи дека манипулираат со нас по пат на рекламни кампањи или на некој друг начин), имаат највеќе сила над опкружувањето во кое живееме. Затоа нашите места се преполни со рекламни паноа и рекламни објекти, а не со уметности,јавни паркови или плажи. Затоа весниците и ТВ програмите се полни со искривени вистини и чисти лажги, продуцентите се се повеќе зависни од тие што рекламираат, а тие се спремни да направат се, дури и да ја изменат вистината и да шират лаги, за да го зголемат, сочуваат своето богатство.Капитализмот практички гарантира контрола над настаните во општество на тие кои се најмногу тврди и безчувствителни.


Бидејќи сме сите оставени на нивната (не)милост и никој не сака да заврши на спротивната страна, не тера на похлепа, крутост и безчувствителност. Секако никој сам по себе не е себичен или несрдечен. Има многу малку луѓе кои тоа би го посакувале или во тоа би уживале, и ако имаат можност тоа го избегнуваат. Но просечното работно опкружување е такво да ги обликува луѓето во ладни и безчувствителни едни спрема други. Ако некој влезе во пекара гладен, а е без пари, правилата на фирмата одредуваат вработените да го исфрлат надвор со празни раце, отколку да му дадат нешто бесплатно - без оглед на тоа што поголемиот дел од пекарите секој ден фрлаат многу леб кој не можат да го продадат. На вработените им е непријатно заради тоа, сакаат да помогнат, додека гладните нив ги окривуваат бидејќи не им помогнале. Всушност само капитализмот е тој што ги тера еден против друг. И жалосно е да всушност надреден кој најмногу ги почтува тие правила биде пофален, унапреден од страна на главниот (сопственикот).


Тие кои ќе се осмелат своите животи да ги посветат на работи кои не се исплативи, воглавно немаат сигурен статус и сигурност, дури и ако ги работат работите кои можат да имаат голема вредност за општеството, како уметност, музика или социјална работа. Ако со тоа не успеат да створат профит ќе имаат тешкотии со самото преживување а не да можат да ги подобрат или развијат своите проекти и со оглед силата да произлегува пред се од богатството нивно влијание во општеството во кое живеат ќе биде многу мало. Затоа корпорациите на кои им е единствена цел зголемување на своето богатство и сила за себе, секогаш ќе имаат поголема силе и влијание на настаните во капиталистичко општество него уметниците или социјалните активисти. Во главно сите точно знаеме дека само една рака луѓе можат да си дозволат да ги работат работите кои се многу важни а не носат пари.Можеш ли да замислиш каков ефект има сето тоа.
КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ ОСТАВА СЕТО ТОА НА СВЕТОТ?

Капиталистичкиот систем на просечениот човек му дава минимална контрола над колективните средства и технологијата на тоа општество и на неговото развивање. Иако всушност неговиот труд ја овозможил изградбата на општеството во кое живее, таков човек чувствува како да му е тој труд, негов потенцијал и потенцијал на слични луѓе на него, надвор од негова контрола, нешто што го работи само заради другите и не заради своја желба. Значи ништо чудно да се чувствува разочарано, немоќно, незадоволно и без надеж. Но само заради помалку контрола не е еднинствена при£ина за капитализмот да биде така непријатен на човековата среќа. Наместо деморатска контрола над нашите животи и општество, имаме практички несрдачна доминација на присила.
Насилство не е само тоа луѓето физички да се повредуваат мегу себе. Насилство е дури , иако во мала мерка, да употребуваш присла во меѓусебни односи. Капитализмот се темели на насилство. Во капиталистичкиот систем сите економски закони владеат над човекот на основа на присила: Работи или биди гладен. Доминирај или биди подреден. Натпреварувај се или нека те снема. Продавај ги своите саати од животот за голо преживување или пропаѓај во сиромаштија или во затвор.


Голем дел од луѓето одат да работа затоа што мораат, а не затоа што тие тоа го сакат. Го продаваат своето време за да можат да осигураат храна и сместување, за да плаќаат сметки за сите статусни симболи и раскош, бидејќи се научени нив да ги прибираат, само заради тоа што знаат дека алтернатива на тоа е да страдаат или да бидат исклучени од општеството. Возможно е некои работи кои мораат да ги извршуваат на работа и да им се допаѓаат, но сеедно тие работи ќе ги извршуваат на свој начин и тогаш кога тие сами ќе посакаат, всушност ќе работат и други работи за кои работата им одзема премногу време и енергија. За луѓето, кои всушност сакаат да бидат на друго место, извлечат максимална продуктивност, корпорациите употребуваат бројни методи на контрола: на вработените детално им го одредуваат времето на работата, ги тераат да ги исполнуваат нормите, ги имаат под постојана контрола. Шефови и работници соработуваат заради взаемна економска присила или се договараат меѓусебно со заканување. Првиот му се заканува на вториот со отказ, а вториот со непослушност и потенцијалнит отказ. Голем дел од луѓето навистина се труди да сочува нешто од чувствата за човечки потреби на другиот и на работа но бидејќи основа на нашата економија е натпреварување и доминација тоа секогаш ќе се одрази во нашите односи со оние над или под нас во хиерархијата во претпијатието.


Да ли можеш да замислиш колку покорисно и позабавно би било за сите нас кога ќе можеме да работиме од љубов а не од присила? Доколку ги работиме работите само од задоволство и доколку работиме заедно бидејќи така сакаме а не само што мораме? Зарем тоа не би направило да ги работиме работите за преживување со поголемо задоволство и заради тоа да бидеме заедно?


Покрај тоа тие причини на насилство незобиколно влегуваат во нашите животи. Ако си навикнат да луѓето ги гледаш како објекти, како средство за искористување или како непријател од кој треба да се плашиш или да го победиш тешко е да заборавиш на такви вредности кога ќе дојдеш дома. Хиерархија над нашите односи на работно место што произлегува од приватната сопственост можеме да најдеме било каде во општеството: во школо, во семејство, во пријателство, секаде е присутно начело на доминантност и подреденост. Скоро е невозможно воопшто да се замисли како навистина ќе изгледаат рамноправни односи кога живееме во општество каде сите непрестано се стремат кон превласт, бели над црни, мажи над жени, стари над млади, конформизам над индивидуализам. Тепачки на деца во школо, војни на ривалски банди, се всушност само копирање на поголеми конфликти кои постојат внатре помеѓу корпорации и народи, а служат на нивните интереси, нивното насилство се смета за изнимка, али всушност е само одраз на насилно и натпреварувачко општество во кое растат. Дури и кога потенцијални пријатели се зближуваат на темели на материјално богатство и статус, наместо на темел на срце и душа, можеме да тврдиме дека постапуваат како ги научиле, спрема лекции за пазарна вредност. Ако живееш под владение на сила, практично скоро е невозможно кај други луѓе ( и во светот во целина) да бараш само корист која можат тие да ти ја донесат.


Да живееме во свет во кој ќе ги оствриме сите наши желби, без страв дека ќе страдаме, ќе бидеме луди или неприфатени, нашите животи повеќе не ќе бидат обликувани со насилство. Можеби тогаш ќе ни биде поедноставно и полесно да погледнеме еден во друг и да ја видиме убавината и единственоста, да ја погледнеме природата и да ја цениме заради тоа што е. Да се биде и да се пусти да биде, наместо да непрестано тежнееме кон моќ и предности. Во историја на нашиот вид веќе постоеле на стотици општествени системи во кои луѓето живееле на тој начин. Дали тогаш толку претерано уверување дека можеме нашето општество да го реорганизираме во нешто подемократско?
ОК, ОК НО ШТО БИ БИЛО АЛТЕРНАТИВА?

Алтернатива на капитализмот ќе биде консензусно, договорно, општество во кое ќе можеме да одлучуваме индивидуално и колективно кога тоа ќе биде потребно, како ќе изгледаат нашите животи и нашето опкружување, наместо тоа да ни е наметнато со непишани закони како на пример со закон на понуда и побарувачка. Тоа се закони ако само ние тоа им го овозможиме. Вистина е дека е тешко да се замисли општество кое ќе се темели на соработка бидејќи непрестано не опкружува натпревар. Но такво општество е возможно барем се појавуваа повторно и повторно низ историјата на човештвото и можат да се појават пак доколку ние тоа го сакаме.


За излегување од оковите на натпреварувањето треба да развиеме економија која се темели на дарување наместо на замена, даровителна економија, наместо економија на замена. Во таков систем секој со својот живот може да работи што ќе сака, а на другите ќе може да им го понуди тоа што самиот ќе оцени дека може најдобро да го понуди, без страв од страдање. Производни средства ќе бидат на располагање на сите наместо да се собираат во рацета на најпохлепни поединци, така секој поединец ќе ги има на располагање сите општествени добра. Тие кои сакаат да цртаат ќе цртаат. Тие кои ги обожаваат велосипедите ќе можат да ги поправаат и да ги составуваат за други. Таканаречени прљави работи ќе се распределат помеѓу сите што порамноправно. Сите ќе имаат добивка од тоа за да можат да работат повеќе различни работи наместо да се ограничени на само една улога, како некој дел од машина. Самата работа ќе биде илјада пати попријатна кога ќе нема точни временски ограничувања и шефови кои вршат притисок. Иако ќе биде помала стапката на производството ,општеството ќе има поголема палета на креативни опоравувања кои на нашите животи ќе им дадат смисол и потполност. На крај на краиштата да ли воопшто ни требаат сите тие драгоцености и раскош заради кои денеска сме поробени?


Тоа звучи како некаква утопија и всушност тоа и е, што не значи дека не можеме да си ги подобриме нашите животи.Не ни е потребно да бараме Бушмани во пустина Калахари како пример како е животот надвор од капитализмот, дури и денс во нашето општество има огромен број на примери кои можат да послужат како доказ колку е животот поубав кога работите немаат своја цена. Кога и да се состане група на пријатели и едноставно го заменуваат јадењето, забавата, т.е. чувствително се потпираат еден на друг. Кога луѓето одат заедно да кампуваат и помеѓу себа ги споделат одговорностите, кога луѓето учествуваат во готвење, при создавањето на музиката или било што, што тие го прават од задоволство, а не од желба за пари. Се тоа се практични примери на даровителна економија. Ако си заљубен или ако имаш стварно добар пријател, една од највеселите работи при тоа е да си барем еднаш вреднуван према тоа што си, а не према тао колку вредиш. Какво убаво чувство ќе биде кога ќе можеме слободно да уживаме во животот, а да не мораме непрестано да размислуваме колку голем дел од нас сме замениле за задоволство. Дури и во досегашното општество скоро се што ни носи задоволство доаѓа надвор од оквирот на капиталистичките односи. Зошто тогаш не го бараме секогаш и секаде тоа што така успешно функционира во нашите приватни животи? Ако имаме толку повеќе од односи кои немаат ништо заедничко со присила на сопственоста и натпреварување зошто тогаш од тие присили не ги ослобдиме и работните односи?


Но кој ќе го собира ѓубрето, ако сите го работиме тоа што го сакаме? Зарем група на пријатели кои заедно живееат во стан не го изнесуваат ѓубрето? Можеби не така редовно како кога тоа го прави домаќин, но изнесено е доброволно и не го носи секогаш иста личност. Илузија дека не знаеме да се грижиме за своите потреби без присила на авторитет е големо подценување, обично сожалување на човечкиот вид. Идеа дека сите само ќе седат наоклу и ништо не би работеле, ако за преживувње не ни е потребно да работиме за надредените, произлегува од тоа дека ако за преживување веќе работиме за надредени, повеќе би сакле да седиме и ништо да не работиме.Ако имаме доволно енергија и време за себе, набрзо ќе откриеме како да ја употребиме, како од практични така и од непрактични причини:помисли само колку луѓе со задоволство си средуваат своите градини и ако тоа не треба да го работат заради преживување. Сигурно нема да умреме од леснотија во општеството во кое ќе го расподелиме одлучувањето и моќта, наместо да се бориме за нив. И вистината дека и ден денес толкав број на луѓе страдаат ни докажува дека капитализам не е ништо попрактичен од билокој друг систем.


Често нас не уверуваат дека похлепа е во човековата природа и дека затоа нашиот свет е таков каков што е. Но постоење и на поинакви општества и поинаков начин на живот тоа јасно го побива. Бидејќи еднаш кога ќе сватиш дека современиот капитализам е само еден од илјада начини како човекот живее и меѓусебно соработува, ти станува јасно дека било каква приказна за човековата природа е безсмислена. Пред се сме обликувани од страна на опкружувањето во кое растеме, и денешен човек има сила да изгради свое опкружување. Ако сме доволно амбициозни можеме да обликуваме свет да не преобликува во што се нашето срце ке посака. Да навистина сите ние сме под влијание на чувството за похлепа и агресија што е сосема разбирливо со оглед на тоа да живееме во материјалистички и насилен свет. Но во опкружувње кое би се темелило на други вредности, меѓу нас може да владеат односи кои ќе ни донест повеќе задоволство. Поголемиот дел од луѓето уште сега може да бидат подарежливи кога ќе можат да бираат, тешко е практично бесплатно да се даваат работите во општество во кое мораш да продаваш дел од себе за воопшто да можеш да имаш нешто.


Ако тоа го разбереме, всушност е изненадувачки колку дарови се уште даруваме едни на други.


Луѓето кои зборуваат за човековата природа ќе ни кажеа дека таа природа е составена пред сеод желба за сопственоста и контрола. Но што е тогаш со желбата за разменување и со желбата за работа заради самата работа? Само и тие кои престанале да го работат тоа што го сакаат го бараат задоволството и смислата во сопственост на работите. Скоро сите знаеме дека подобро се чувствуваш ако на луѓето им носиш задоволство, наместо да им ги одзимаш работите. Доброволната работа и искрени дарувања се награди сами за себе. Тие кои мислат дека начелото од секого према неговите средства, на секого према неговите потреби - неправедно го фаворизира тој кој прима, едноставно не разбираат што човекот го прави среќен.


Вистина, привлечна е мислата дека капитализмот е спротиставување на богатите спрема сите други и дека борбата против капитализмот е борба против богатите. Но всушност е во интерес на сите ни е да го решиме таквото општествено уредување. Ако право богатство лежи во слободата и во здружувањето, тогаш сме сите многу сиромашни, бидејќи иако си богат во општество во кое се е непријателски расположено кон тие вредности, всушност само поседуваш најголемо количество на сиромаштија. Тој систем не е резултат на некаква лошотија на неколкумина поединци кои сакаат светска доминација - дури и ако не им успева ништо друго отколку да ги осудат сите ( вкучувајќи се и самите себе) на синџирите на доминација и пониженост. Не треба да бидеме премногу љубоморни на нив затоа што нивната положбан на прв поглед изгледа поубаво. Кој и да израснал во такво домаќинство, ќе потврди дека и наспроти многубројните банкови сметки, и многубројни домаќински апарати не се посреќни или послободни од самиот себе. Треба да побараме начин баш секој да може да види што може да добие ако го смениме општеството и во него да го вклучиме секој.


Дури и ако е тоа тешка работа и ако ти се чини дека луѓето баш го заслужуваат тоа што го имаат, затоа што го прифаќаат таквиот живот, немој да ја губиш желбата. Запомни дека систем кои тие го прифатија, е потполно еднаков на тој во кој ти сега живееш. И твоите можности за ослободување се цврсто поврзани за нивното ослободување.
Воглавно имај на ум дека светот нема да се смени преку ноќ. Но тоа не треба да биде твоја главна мотивација, зарем не? Да се слуша идеа за некаква многу далечна светска револуција е на крајот на краиштата се уште идеа. Со тоа што зад себе ќе го оставиме капитализмот ќе треба да ги оставиме и сите други стопани или идеологии кои бараат да се жртвуваме, бидејќи од сега па понатаму ние треба да станеме причина. Со оглед на тоа дека нашето времена на оваа планета е ограничено ние не можеме да ја чекаме револуцијата или некој друг за да почнеме да ги остваруваме нашите соништа и желби. Наша цел е подобрувањето на нашите животи, ништо повеќе и ништо помалку и заради тоа треба да имаме на ум дека било каква слобода за било кого од нас ( барем и на саат време) е веќе нешто.


Немој да станеш парализиран заради огромните сили кои се настроени пров нас ниту пак да дозволиш да им служиш на некои други сили во таа борба. Сам пронајди го патот за да избегаш од системот на насилство во твојот живот и ако е возможно викни ги другите со тебе. Зграпчи го секој момент кој ти се нуди за да повратиш некој дел од твојот живот назад. Ние можеме да направиме рај на земјата ако даруваме, бидеме попаметни и поискрени него ли што некој некогаш се обидел да стане.
ДОСТА ФИЛОЗОФИРАЊЕ! ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВИСТИНСКИОТ ЖИВОТ?

Како се чувствуваш кога никогаш не се однесуваат спрема тебе како спрема возрасен? Кога никогаш не можеш да им избегаш на правила и прописи кои се „за твое добро“? Кога мораш да слушаш и потклекнеш пред учителите, шефовите, полицајците, само заради тоа што се тие во служба на стопанство кое има повеќе пари и сила над твојот живот, отколку што ти некогаш ќе имаш. Кога мораш да молиш или лажеш за да добијеш слободно попладне за да можеш барем еднаш да го работиш тоа што го сакаш. Кога мораш да одговараш на автоматски ѕвона? Кога си оставен на милост и немилост на машини, на саатот и на луѓето кои немаат ниту пола од твојот памет или способности? Кога од тебе се бара да повторуваш една те иста фраза целиот ден? Кога си програмиран како машина?


Дали мислиш дека само е случајно што Кока Кола се продава во секој ќош од светот? Да ли навистина толку им веруваш, па дури и да ја имаат целата моќ за да го обликуваат светот во кој живеат?
Секој пат кога доаѓам дома моето поштанско сандаче е полно со реклами, ќе се сетам дека живеам во општество кое продажбата ја цени повеќе од приватноста. Секој пат кога некој има вклучен телевизор на кој има многу реклами сваќам како малку вистина и размислување за мирот им значат на трговците кои ги продаваат своите производи. Секој пат кога се возам со точак поминувам покрај огромни рекламни паноа и помислувам колку подобро ќе можевме да ги искористиме јавните површини.Кога барем ние самите ќе можеме да одлучуваме што ќе има на нашите улици- освен графити, секако.


И кога ќе стигнат сметки , пак разбирам што е важно во ова златно доба. Киријата мора да се плати на почетокот од месецот, пред воопшто да се помине ниту еден ден во станот, а плата за својот труд всушност се добива три недели по завршувањето на работата. И тоа само заради тоа што луѓето кои имаат надлежност над станот и работата се кројат според нивниот вкус. Од почеток на работната недела до моментот кога треба да го платат трудот работодавецет добива безкаматна позајмица во облик на труд. И станодавецот исто така добива позајмица кога ќе ја добие кирија еден месец однапред. Истовремено треба да се внимава да се затоплува станот повеќе отколку што може да си дозволиме, или да изедеме храна повеќе од што може да си дозволиме, или со телефон да не разговараме со далечени пријатели повеќе отколку што можеме да си дозволиме. И кога е ладно, и кога се чувствуваш осамено не можеш да си помогнеш да не побудалиш над вистината дека без оглед дека постои технологија која по желба може да згрее или најаде, треба и секоја најмала ситница да се плати, за да може на таа сметка малкумина богати уште повеќе да стекнат богатство. Луѓе работат по 40 саати неделно за систем кој ни ги нуди сите можни удопства, зарем не треба и нивниот стан да се згрее како што можат и становите на шефовите, само заради тоа што после работа сме поизвалкани? Зарем не тие луѓе не заслужуваат да го пробаат вкусот на во рестораните во кои одат шефовите, само заради тоа што не сакаат да се борат за положба во хиерархиска скала? Во уште полоша положба се некои кои имаат кредитни картички и долгови за отплаќање.

Корпорациите ќе имаат контрола над целиот нивен живот без оглед што тие ќе сакаат да работат, веќе идниот месец или за десет години ќе бидат препуштени на нивна милост. Тоа се дополнителни пари месечно кои треба да ги заработат, што значи дека, ако не сакаат да го потврдат својот банкрот, никогаш нема да се решат од притисок кој ги тера да ги продаваат своите животи. Со промоција на секоја нова кредитна картичка тие се спремни секого да натераат во доброволно отплатување на долговите. Трошењето на пари на таков начин само уште повеќе ги тера луѓето во систем кој ги краде нивните животи. Некои од нив работат цела година, додека нивните срца тивко седат во нивните гради, за да заштедат за неколку недели, викенди на планинарење, скијање, летување, работи кои некогаш беа бесплатни за сите нас пред да дојдат корпорациите (за кои работиме) не заградиле во бетон.


Отѓеност, недоверба и исцрпеност која сите ја чувствуваме во ова општество, ги зголемуваат нашите потреби, а ние веднаш се грабаме за удобствата ( кои се инвестирани со рекламирање ), во надеж дека тие истите ќе не спасат. Но такво конзумирање само уште повеќе ја зголемува бедотијата, бидејќи секој пат кога нешто ќе купиш во овој систем, со тоа исто така го купуваш и целиот систем- своите пари ги даваш на корпорациите за да ги зацврстат своите позиции, а пари можеш можеш да добиеш само така што ќе им го дадеш својот труд. Тоа значи повеќе работници за нив за да го сочуваат “нормалниот тек на бизнисот” и помалку слобода за тебе да им вратиш.


Затоа треба да се избега од сето ова по секоја цена. Да престане да се работи за нив, да се престане да се плаќаат за сите нивни производи, да се престане да се верува во сите тие приказни за идеален дом, најдобар автомобил и напредување на работното место. Треба да се направи таков живот каков може сам да го живееш, за да се најде задоволство во него или да се умре при тој обид. Дури и ако успее да се живее животот кој што се сака ако сите луѓе кои нешто ми значат сите кои ме опкружуваат и целиот свет во кој живеам отсане под сила на системот?
И покрај слободата која ќе ја имаме ќе бидеме осамени ако сите останати се уште бидат затворени во училиштата, во фабриките, во канцелариите. Ако навистина сакаме надвор од тоа треба да откриеме како останатите да ги земеме со нас, и така сонуваме за светот во кој ние ќе одлучуваме да ли фабриките воопшто ќе работат.


И каде се сега градините на радоста што ние можеме да ги направиме со целата наша работа? Каде се шумите по кои можеме да трчаме, каде се реките од кои можеме да пиеме вода, езера во кои можеме да се бањаме? Каде се птиците и рибите за да ги доживуваме? Каде се ѕвездите на тоа загадено ноќно небо? Во моите сништа патувам низ предели на дивината, ги сретнувам луѓето со единствени животни навики кои се уште не слушнале за Пепси, кои никогаш не потрошија ден на нешто што не сакале. Заедно ќе ствараме планови како да ги оствариме најубавите работи кои животот ни ги нуди, како од него да исцедиме се до последна капка..... и сите наши желби и сништа ги завиткаме во џиновска бала со која ќе ја отвориме вратата на рајот. . .
Continue Reading...

Saturday, December 19, 2009

Копенхаге -This Is What Democracy Looks Like


Копенхаген. 12 декември 2009
Continue Reading...
 

UTOPIA Copyright © 2009 WoodMag is Designed by Ipietoon for Free Blogger Template