Monday, January 12, 2009

Проекција на филм и трибина за Палестина во Културниот центар „Точка“

Во среда, 12-ти јануари, со почеток во 18.00 во Културниот центар „Точка“ ќе се одржи проекција на филмот на Џон Пилџер „Палестина сè уште е актуелна“, по што ќе се одржи трибина под наслов „Стоп на насилството во Газа“.

Филмот „Палестина сè уште е актуелна“ (“Palestine is Still the Issue”) е документарен филм од 2002 година снимен во Израел и Палестинските територии. Филмот се занимава со судбината на Палестинците на Западниот Брег и Појасот Газа во услови на повеќе-децениска израелска окупација и изобилува со сведоштва кои од повеќе аспекти го прикажуваат секојдневието на Палестинците на териториите под израелска окупација. Помеѓу интервјуата што ги води Пилџер во филмот се оние со семејствата на палестинските бомбаши-самоубијци и на нивните израелски жртви, како и оние со реномираниот израелски критички историчар Илан Папе и со израелските приговарачи на совеста кои одбиваат да служат во израелската војска на окупираните палестински територии. Претставени се и ставовите на израелскиот естаблишмент и на Израелци кои ја поддржуваат израелската политика кон Палестинците.

Трибината по проекцијата на филмот има за цел да понуди дополнителни информации околу израелско-палестинскиот конфликт и да отвори дискусија во врска со истиот.

Организатори на настанот се Движењето за социјална правда – Ленка, Визиони М и Здружението на граѓани/ки „Мировна акција“

Влезот е слободен.
Continue Reading...
 

UTOPIA Copyright © 2009 WoodMag is Designed by Ipietoon for Free Blogger Template