Wednesday, October 28, 2009

Мирен собир за повлекување на војниците од Авганистан

Овој месец се навршуваат 8 години од започнувањето на Војната во Авганистан! На една од завојуваните страни учествуваат и македонски војници. Македонскиот премиер и македонскиот претседател го поддржаа Светскиот марш на мирот во чија Декларација се бара „откажување на владите од користење на војната како средство за решавање на конфликти“ и „неодложно повлекување на освојувачките трупи од окупираните територии.“ Бараме од нив да постапат согласно својата прокламирана поддршка! Докажете дека сте за мир! Повлечете ги војниците од Авганистан!


Затоа во Сабота, 31.10.2009 во 19:00h, плоштад Македонија ќе има мирен собир под паролата:

ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ И СИТЕ ДРУГИ СТРАНСКИ ТРУПИ ОД АВГАНИСТАН!

Организатор: Движење за социјална правда - Ленка

линк од каде можете да го преземете памфлетот
Continue Reading...

Friday, October 23, 2009

Соопштение на АФ

Се воздржуваме од кажување погрдни зборови за да го опишеме гадењето што кај нас го предизвикаа актуелната власт и партиите во опозиција , трудејќи се да го свртат вниманието од студентскиот протест. Едните со цел заташкување на својата неспособност да ги решат проблемите, а другите пробувајќи да заработат некој поен. Како и секогаш, партиите се обидуваат да ги наведат луѓето дека позади секоја акција стојат тие самите или нивните опоненти.
Се огласуваме со цел да ја прикажеме вистинската слика за работите, наместо тоа што се обидуваат да ни го сервираат.

Најголемиот дел од луѓето во нашето движење се студенти и сите тие се активни членови во СЛОБОДЕН ИНДЕКС. Најодговорно изјавуваме дека никој од нас не е и нема да биде поддржувач на ниту една политичка партија и ниту еден член на АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ никогаш нема да гласа на локални, парламентарни или претседателски избори. Јавно ги негираме и отфрламе сите партиски опции во државата, како од власта, така и од опозицијата.

Веруваме дека студентите, кои се движечка сила на секое општество, вредат доволно како луѓе и понатаму како компетентни во својата област за да не им треба “поддршка” од партија за да бидат успешни, и да го работат она што го сакаат - она во коешто вложиле многу труд и време во студентските денови.

Нема да дозволиме чистиот студентски бунт против институциите кои го газат македонскиот студент да биде обоен со нечистите партиски бои

Прогласот на АФ (анархистички фронт) е напишан по повод неодамнешните студентски протести и крајно манипулативната изјавата на премиерот на РМ по повод истите во која што студентите беа посочени како партиски војници а протестот беше окарактеризиран како дело организирано од опозициските партии.
Соопштението на АФ е испратено до сите поголеми медиумски куќи
Continue Reading...
 

UTOPIA Copyright © 2009 WoodMag is Designed by Ipietoon for Free Blogger Template